Првиот SUV на Аston најверојатно ќе се вика Varekai, а неговото неофицијално претставување се очекува при крајот на годинава.
Лимитиран број купувачи биле поканети да го погледнат завршениот модел, кој беше прикажан во форма на концептот DBX со 3 врати на Geneva Motor Show 2015, кој сега е трансформиран во модел со 5 врати кој во продажба треба да се појави во 2019.
Сајмон Спрул, потпретседателот и директорот за маркетинг на Aston Martin, изјавил дека моментално работат на создавањето на првите прототипи на база на DBX концептот, и дека за разлика од него кој беше футуристичко комплетно електрично возило со погон на сите тркала, финалниот продукциски модел ќе биде лансиран со бензински мотор како единствена опција. Сепак, електричниот погон се смета за реалистична опција која е возможно да биде имплементирана во иднина.
Varekai ќе се изработува рачно и ќе биде ривал на Bentley Bentayga, Porsche Cayenne, Lamborghini Urus и Maserati Levante.