Fiat 500X подновен со нови мотори и технологија

Fiat 500x доби фејслифт со подновен изглед, нова технологија за асистенција на возачот и нови бензински мотори.

Новиот 500Х доаѓа во две варијанти: Urban и Cross. Urban има нови предни и задни браници, додека Cross има браноци во оф-роуд стил, а и двете варијанти имаат нови дневни LED светла и LED задни фарови.



Како и на екстериерот, дизајнерските промени во ентериерот се мали – инструмент таблата е суптилно редизајнирана и според Fiat, сега е полесна за читање.

Најголемите промени се под хаубата, бидејќи 500X е најновото возило на Fiat-Chrysler во кое е вградена новата фамилија на комплетно алуминиумски модуларни бензински мотори. 1.0 литарскиот турбо мотор ќе има 120 коњски сили и 190Nm вртежен момент, погон на предни тркала и 6-брзински мануелен менувач, додека новиот 1.3 литарски 4-цилиндричен мотор ќе има 150 коњски сили и 270Nm вртежен момент, во комбинација со 6-брзински автоматски менувач.



Новиот 500X ќе го задржи 1.6 литарскиот Е-Тorq од 110 коњски сили, кој е надграден да ги поддржува најновите Euro 6D стандарди за емисии на гасови.

Како стандарден дел од опремата во поглед на технологијата сега се вклучени и системите за препознавање на сообраќајни знаци и за асистенција при менување ленти, додека како дополнителни опции се адаптивната контрола на крстарење и системот за контролирање на сопирачките при возење во урбани средини.



Сите верзии ќе имаат 7-инчен touchscreen infotainment систем со Apple CarPlay и Android Auto како и Bluetooth конективност.

Цените ќе се движат од 18 700 евра за Urban моделот со E-Torq моторот, до 25 500 евра за Cross Plus со 1.3 литарскиот мотор, чиј infotainment систем ќе има и навигација и задна камера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...