Новиот Peugeot 208 за прв пат на шпионски фотографии

Новиот Peugeot 208 супермини е забележан на шпионски фотографии за прв пат, а на пазарот треба да се појави во 2019-та изграден на сосема нова платформа која ќе подржува и електричен погон.



Целосно маскираната 208-ца покажува неколку клучни детали, како новиот дизајн на предните фарови (т.н „лавовска канџа“, со 3 вертикални закосени огледала внатре), а судејќи според бројот на вратите (5), се чини дека шпекулацијата дека верзијата со 3 врати нема веќе да се произведува е точна.

Предницата ги има стилските одлики на новите 3008 и 5008 SUV модели, додека задните фарови се чини дека се целосно LED.



Изборот на мотори ќе вклучува мноштво турбо варијанти со мал капацитет, како и целосно електрична варијанта за прв пат кај овој модел.

Новата платформа е нaречена CMP (Common Modular Platform) и во неа ќе можат да се вградуваат батерии и мотори за идните комплетно електрични модели.



Бензинските мотори се очекува да бидат 3-цилиндрични турбо со моќност од 70 до скоро 152 коњски сили кај 1.2 литарската верзија, а не е познато дали ќе се нудат и дизел мотори.

Најмоќниот GTI ќе биде понуден во бензинска и електрична варијанта, а ќе има моќност од над 200 коњски сили. Електричната 208-ца ќе биде дел од планот на PSA Group да лансира 11 електрични автомобили до 2021.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...