Mercedes-benz “vision URBANETIC” возило на иднината

Mercedes ја презентираа нивната замисла за иднината на транспортацијата, наречена vision URBANETIC.

Концептот на овој автономен автомобил ја елиминира поделеноста помеѓу транспортните возила за луѓе и продукти бидејќи се работи за возило кое може да ги има и двете функции. Vision URBANETIC може да се користи со карго (т.е товарен) модул, или пак модул за транспорт на луѓе, во зависност од потребите.



Базиран на електрично напојувана шасија, тој може да си ги менува „телата“ (и тоа за само неколку минути), со капацитет за 12 патници во патничкиот модул, и за 10 палети во товарниот. Автономната шасија дури сама би си го пронаоѓала патот до следната локација без „тело“, т.е модул на неа.

Благодарејќи на овој интелигентен концепт и функцијата на модулите, од Mercedes сметаат дека гужвите во градските центри би можеле да се намалат поради намалениот број на патнички и товарни возила кои би биле потребни покрај vision URBANETIC.



Концептов би го зголемил квалитетот на урбаниот живот на разни начини. На пример, проценувајќи ги локалните информации (за концерти, разни настани и сл.), интелигентната контрола на автомобилот може да ги анализира моменталните потребни и да ги предвиди идните. Така, доколку vision URBANETIC идентификува група луѓе собрана во одредена област, може автоматски да испрати неколку возила таму кои би ја задоволиле нивната потреба за превоз.

Отсуството на возач внатре го ослободува просторот за патниците, бидејќи возилото нема волан, педали, командна табла и сл. Vision URBANETIC испушта нула емисии и е практично бесшумно додека се движи – правејќи го идеално за испораки доцна во ноќта, бидејќи нема да смета на жителите.



Возилото користи неколку камери и системи со сензори да го опсервира неговото опкружување и да комуницира со него, како на пример со големиот дисплеј на предниот дел кој ги информира пешаците кои поминуваат пред него дека ги забележало.

Истото би се „повикувало“ преку мобилна апликација, слична на онаа на Uber.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...