Renault Kadjar подновен за 2018-та

Renault Kadjar доби фејслифт за 2018 кој вклучува минорни дизајнерски и ергономски промени, мало подобрувае во технологијата и ревидиран избор на мотори во кои е вклучен и еден нов бензински.

Од лансирањето на овој модел во 2015, компанијата има продадено над 450 000 автомобили низ светот, што го прави исклучително важен за Renault.

Суптилниот редизајн на подновениот Kadjar е најзабележлив на предницата – возилото има нови LED фарови, додека светлата за магла се правоаголни и сместени во ревидираниот преден браник. Променета е и предната решетка која сега има и хромирани елементи, а нови LED индикатори , фарови и светла за магла има и на задниот дел. Ќе биде понуден и нов избор од алуминиумски бандажи со големини од 17 до 19 инчни.

Внатре има нов infotainment систем од 7 инчни, за кој од Renault велат дека е посветол и пореспонсивен од сегашниот.

Редизајнирани се и контролите за климата, отворите за воздух, како и контролите за електричните прозорци и ретровизори, за да се попријатни за допир и полесни за користење.



Седиштата исто така се поудобни, а централната конзола има нови држачи за чашки.

Подновениот Кadjar ќе доаѓа со последниот 1.3 литарски турбо 4-цилиндричен бензински мотор на Renault, со моќност од 140 и 160 коњски сили. Компанијата тврди дека 1.5 и 1.7 литарските дизел опции сега се почисти и помоќни, со зголемување на моќноста на 1.7 литарската верзија на 150 коњски сили и погон на сите тркала.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...