Mercedes го претставија моделот AMG A 35 кој официјално ќе дебитира следниот месец на Paris Motor Show.
AMG A 35 е ривал на Audi S3 и VW Golf R, и е „загревање“ за AMG A 45 кој ќе биде уште помоќен а ќе биде претставен следната година.
Возилото има фиксен заден спојлер, 18-инчни алуминиумски бандажи, како и нови предни и задни браници со големи отвори за воздух.
Моторот е последниот 2.0 литарски 4-цилиндричен турбо бензински мотор, кој е модифициран за да се користи во AMG моделите, а има моќност од 305 коњски сили и 400Nm вртежен момент. Погонот е 4MATIC (на сите тркала), менувачот 7-брзински автоматски.
Сето ова му овозможува забрзување од 0-100км/ч. за 4.7 секунди, и максимална брзина ограничена на 250км/ч.
Ентериерот е идентичен на стандардниот од A-Class хечбек моделите, со неколку AMG подобрувања како кожните седишта од рачно изработена кожа, дигитална AMG инструмент табла, и AMG волан. Тука е и MBUX infotainment системот може да се контролира со глас или допир.
Mercedes-AMG A 35 во продажба ќе се појави во октомври по цена од околу 40 000 евра.