Идниот компактен SUV модел на Skoda ќе се појави во продажба за околу една година и ќе биде најпрактичниот и најпростран модел во неговата класа, каде ќе биде ривал на Nissan Juke, а ќе се наоѓа помеѓу Karoq и Kodiaq моделите.
Новиот SUV ќе биде изграден на новата MQB A0 платформа на VW Group, но во нејзиното најдолго издание – со меѓуоскино растојание од 2645mm. – што ќе му овозможи внатрешност поголема од онаа на VW T-Roc, модел кој се наоѓа во еден сегмент погоре.
Ова фокусирање на практичноста и просторот е она што ќе ги двои Skoda од нивната конкуренција, а финалниот модел ќе биде сличен на Vision X концептот претставен на Geneva Motor Show во март оваа година. Во споредба со Karoq и Kodiaq ќе има по „аглест“ изглед, бидејќи е наменет кон помладите купувачи на кои им е важен стилот на возилото.
Истиот ќе биде понуден со последната серија мотори на VW Group, од кои повеќето ќе бидат верзии на 1.0-литарскиот 3-цилиндричен бензински мотор од хечбек Fabia и Oktavia моделите.
Најверојатно ќе бидат на располагање 2 варијанти од тој мотор - од 96 и 116 коњски сили – додека за оние кои сакаат нешто помоќно ќе има и 1.5 литарски 4-цилиндричен турбо мотор од 150 коњски сили. Ќе биде понуден и 1.6 литарски дизел мотор, а иницијално не се планира plug-in хибридна верзија.