Супер-лесни пластични автомобили на иднината

Истражувачки тим од Јапонија ја гледа пластиката, која инаку ја уништува животната средина,  како материјал кој потенцијално би можел да ја спаси планетата.

Тие создале прототип на електрично возило чија каросерија има и пластични делови, кое го нарекле itoP (Iron to Polymer / од железо до полимер) и е направено во соработка со  истражувачите од универзитетот во Токио и неколку приватни компании.



Колку едно возило е потешко, толку повеќе енергија му е потребна да стигне од точка А до точка Б. За електричните возила, тоа значи почеста потреба од полнење, па така целта на itoP е да се креира поефикасно електрично возило преку намалување на неговата тежина.

Просечните електрични возила тежат помеѓу 1300 и 1400kg, додека itoP тежи само 850kg благодарение на пластичната каросерија, акрилната шофершајбна и ултра-тенките гуми.

За жал, сегашната висока продукциска цена значи дека ваквите пластични возила сè уште не се спремни за комерцијалниот пазар.



Идејата на неговите создавачи е сега засега да ја игнорираат цената и да се обидат да постигнат драматични придобивки во функцијата и ефикасноста на автомобилот, за подоцна да се обидат да ја намалат цената на неговото производство.

Тие исто така се надеваат дека ќе изнајдат начин и да ја зголемат издржливоста на биоразградливата пластика за да идните дизајни на овој автомобил претставуваат помал товар врз животната средина откако повеќе нема да се во возна состојба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...