A-Class на Mercedes проширена со два нови дизел модели: A 200 d и A 220 d

Mercedes ја прошири понудата на моделите од A-Class со два нови: A 200 d Sport и А 220 d AMG Line.

И двата се напојувани од истиот 2.0 литарски дизел мотор, но со различна моќност.



A 200 d има 150 коњски сили, 320Nm вртежен момент, забрзување од 0-100км/ч. за 8.1 секунди, и максимална брзина од 220км/ч., додека помоќниот A 220 d има 190 коњски сили, 400Nm вртежен момент, забрзување од 0-100км/ч. за 7 секунди, и максимална брзина од 235км/ч. И двата модели имаат погон само на предните тркала и 8-брзински автоматски менувач.

Потрошувачката на гориво изнесува 28.6km/l кај A 200 d, додека кај A 22d таа е 28km/l.

A 200 d ќе биде на располагање во тримовите Sport и AMG Line, a стандардната опрема кај Sport ќе вклучува 17-инчни алуминиумски бандажи, LED фарови, мешавина од материјал и вештачка кожа во ентериерот, како и пар 7-инчни infotainment екрани со DAB радио и камера за возење во рикверц. Сето ова ќе чини 33 000 евра.



AMG Line верзијата на A 200 d ќе чини дополнителни 1400 евра и ќе нуди 18-инчни алуминиумски бандажи, AMD брендирана предна решетка и спортски волан, со седишта финиширани со Алкантара и кожен трим.

А 220 d ќе биде на располагање исклучиво во AMG Line тримот и ќе чини од 36 160 евра па нагоре.

И двата трима ќе можат да се надополнат со пакети кои вклучуваат поголем екран (10.25 инчи), систем за паркирање, предни седишта кои се загреваат, амбиентално осветлување, подобар звучен систем, влез во автомобилот без клуч, панорамски кров и др.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...