Lamborghini SC18 хипер-автомобил

Squadra Corse, производителот на тркачките модели на Lamborghini, развил нов хипер-автомобил, еден од многуте кои планираат да ги создадат за овој познат италијански производител на спортски автомобили.



Наречен Lamborghini SC18, овој модел е базиран на новиот Aventador SVJ, користејќи ја истата шасија делумно направена од јаглеродни влакна, како и 6.5 литарскиот V12 мотор со моќност од 806 коњски сили и 720Nm вртежен момент.

Системот за погон е на сите тркала преку 7-брзински менувач, па се очекува перформансите да му се слични на оние на Aventador SVJ – што значи забрзување од 0-100км/ч. за 2.8 секунди и максимална брзина од 338км/ч.



Иако е базиран на Aventador SVJ, дизајнот му е значително поразличен – најслични им се предните фарови, додека каросеријата има претрпено агресивни аеродинамични подобрувања како што се нов преден сплитер, големи странични отвори за воздух, како и заден дел инспириран од ограниченото издание на моделот Centenario.

Предните бандажи се 20-инчни, задните 21-инчни, а на нив се монтирани специјално развиени Pirelli P Zero Corsа гуми.

Автомобилот може легално да се вози на патишта, но гумите сугерираат дека SC18 е развиен примарно за возење на тркачки патеки. Цената сè уште не е објавена, но се очекува да изнесува неколку милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...