Што сè ќе има на 2018 Los Angeles Auto Show?

Производителите на автомобили ќе ја испратат 2018-та на крајот на овој месец на Los Angeles Auto Show, кој е еден од најстарите саеми на автомобили - првиот бил одржан во 1907.

Овогодинешниот саем започнува на 28-ми ноември и ќе трае до 9-ти декември, а еве кои сè автомобили ќе бидат претставени од неколку производители:

1) Audi



Од Audi веќе имаат потврдено дека нов e-tron концепт ќе биде прикажан во Лос Анџелес, чие производство треба да започне во 2020-та

2) BMW



На штандот на BMW ќе има многу за гледање – новиот X7, ривал на Range Rover и најголемиот BMW SUV било кога направен, нов кабриолет од 8 Series, М340i xDrive со 6 цилиндри, како и BMW Vision iNEXT концептот.

3) Hyundai



Hyundai ќе ги претстават Le Fil Rouge концептот, како и осмоседот Palisade.

4) Jeep



Деталите во врска со новиот Jeep Gladiator „протекле“ од членовите на интернет форум, според кои тој ќе има 3.6 литарски V6 мотор од 290 коњски сили, лесни алуминиумски панели и капацитет за влечење од 3.5 тона.

5) Kia



Новиот Kia Soul ќе дебитира во Лос Анџелес пред да се појави во продажба во 2019-та.

6) Mazda



Mazda ќе ја претстават новата, 4-та генерација на Mazda 3, кои ќе бидат првите модели кои ќе ја користат новата Skyactiv-X технологија за мотори на компанијата.

7) Porsche



Иако повеќето скорешни вести поврзани со Porsche се однесуваат на електрификацијата на овој бренд со моделот Taycan, во Лос Анџелес ќе биде претставена нова варијанта на 911 – најновото поглавје во 45-годишната еволуција на овој  модел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...