Audi e-tron GT концепт

Audi го претставија нивниот e-tron GT концепт на 2018 Los Angeles Motor Show, кој се очекува да биде сериозен ривал на Tesla Model S, а чија продукциска верзија треба на патиштата да се појави во 2020.

Ова ќе биде вториот електричен автомобил на Audi по e-tron SUV моделот, и првиот во чија изработка се вклучени и Audi Sport. До 2025-та, e-tron GT ќе биде дел од електричната фамилија на Audi која ќе брои 25 модели, а ќе чини околу 112 300 евра.



e-tron GT скоро 60% од деловите ги дели со новиот Porsche Taycan, како што се парот електрични мотори со вкупна моќност од 590 коњски сили и 800 до 850Nm вртежен момент. Погонот ќе биде на сите тркала, а од 0-100км/ч. ќе забрзува за 3.5 секунди.

Батеријата ќе биде со капацитет од 96kWh, а капацитетот на полнење од 350kW ќе овозможува таа да се наполни до 80% за само 15-20 минути.

За разлика од прикажаниот концепт, продукцискиот модел ќе има мали стилски промени – светлечките e-tron логоа најверојатно ќе ги нема, а системот за отворање на вратите со допир ќе биде променет со конвенционални рачки, поради безбедносни причини.



-tron е висок 1370mm (50mm понизок од A7), и има исклучително аеродинамичен дизајн. Некои елементи, како страничните ретровизори, се дизајнирани да го насочуваат воздухот кон вратите со цел да го намалат звукот од неговото струење, кој е поизразен поради недостатокот на класичен мотор звуците кои тој ги произведува. Задниот багажник е со волумен од 450 литри, а предниот има уште додатни 100.

Кабината на концептот е целосно „веганска“ – за тапацирот не е користена кожа, а патосниците се конструирани од рециклирани рибарски мрежи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...