Најочекувани електрични автомобили за 2019-та

Производителите на автомобили изминативе години имаат постигнато значителен напредок во развивањето на електрични автомобили, каде спаѓаат и подобрувањето на нивните перформанси како и на дометот.

Во прилог следат електричните модели на автомобили се најочекувани во годината која следи, и која ќе им биде почетната цена:

1) Audi e-tron и e-tron Sportback (од 79 000 евра)



Е-tron, првиот мејнстрим електричен автомобил на Audi ќе има големина на моделот Q5, и домет од околу 400km. Забрзувањето од 0-100км/ч. ќе изнесува помалку од 6 секунди, што е побавно од електричните ривали како Jaguar I-Pace, Tesla Model X, и идниот Mercedes EQC.

Sportback варијантата ќе има големина како Audi A7, три електрични мотори со вкупна моќност од скоро 500 коњски сили, и забрзување од 0-100км/ч. за 4,5 секунди.

2) BMW iX3 (од 66 900 евра)



BMW веќе имаат искуство со електрични автомобили, како што е i3. iX3 ќе биде електричен SUV кој ќе има домет од околу 400km.m и моќност од 273 коњски сили.

3) Mini EV (од 38 600 евра)



Електричното Mini ќе биде правено во фабриката во Оксфорд, а за батериите и моторот не се знае премногу освен тоа дека ќе бидат слични на оние од i3 на BMW (во чија сопственост е и компанијата Mini), и дека возилото ќе има домет од околу 305km.

4) Honda Urban EV (од 22 000 евра)



Во дизајнот на Honda Urban се забележува влијанието на првиот VW Gof , а бидејќи овој модел ќе биде пократок од Honda Jazz, ќе биде совршено градско возило со домет од околу 240km.

5) Mercedes EQC (од 71 800 евра)



EQ е новата серија на електрични автомобили на Mercedes, а прв модел кој ќе биде претставен во 2019 е EQC – голем и скап SUV напојуван од 80kWh батерија со моќност од 405 коњски сили и потенцијален домет од над 400km.

6) Mercedes-Maybach Vision Ultimate Luxury (од 220 800 евра)



Брендот Maybach на Mercedes има мисија да ги задоволи екстравагантните побарувачки на кинеската елита – едни од најбогатите возачи во светот. Ќе има електричен мотор на секое тркало со комбинирана моќност од 760 коњски сили, максимална брзина од 250км/ч., батерија од 80kWh и домет од 320km.

7) Porsche Taycan (од 110 400 евра)



Porsche од секогаш ја прифаќале новата технологија. Нивниот прв електричен модел ќе биде Taycan кој ќе има домет од 500km. , а за само 15 минути ќе може да се наполни доволно за да помине 320km.

8) Tesla Model 3 (од 44 1000 евра)



Долго очекуваниот Model 3 на Tesla ќе има домет од 355km. кај најслабата (и најефтина) верзија, a ќе нуди опции кои обично се наоѓаат во луксузните Mercedes C Class модели, како и кај поскапите модели на Audi и BMW.

9) Volvo XC40 Electric (од 55 200 евра)



Првиот електричен модел на Volvo ќе биде XC40 Electric, за кој сè уште не се знаат никакви детали oсвен дека изгледот ќе му биде инспириран од новиот XC40, од кој ќе биде помал.

10) Aston Martin RapidE (од 220 800 евра)



Новиот Aston Martin RapidE ќе биде електрична верзија на RapidE луксузната лимузина, а ќе има домет од 320km. и моќност од над 810 коњски сили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
13 цајкани одат на испит на факултет. Седнуваат еден позади друг, како на факултет.Ј . Влегува професорот и им задава една многу тешка задача. Треба да напишат една марка на кола....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1744.- Во Неапол умре Џовани Батиста Вико,...
1793.- Во Париз е гилотиран францускиот крал Луј...
1905.- Роден е францускиот моден креатор...
1919.- Во Даблин, Конгресот на партијата "Шин...