Новиот Bentley Continental GT кабриолет во продажба на пролет

Новиот Bentley Continental GT кабриолет е третата генерација на овој модел, а во продажба треба да се појави на пролет по цена од 194 200 евра.

Изгледот му е скоро идентичен со оној од купе моделот, со тоа што предните тркала се поставени малку понапред.



Новиот кров е на располагање во 7 бои, а за да се отвори му се потребни 19 секунди при брзини до 50км/ч. Поради просторот за неговото складирање, малку е намалена практичноста на автомобилот бидејќи багажникот е намален на 235 литри, во споредба со 358-те литри од купе варијантата.

Новиот кров има и подобра изолација, па така новиот GTC е 3 децибели потивок од претходниот.



Внатрешноста му е слична како онаа од купето, со одредени дополнувања за задржување на комфорот без разлика дали кровот е отворен или затворен. Подобрените грејачи за врат дуваат топол воздух потивко отколку претходно, а сега има и грејачи и во седиштата и во наслоните за рацете.

Моторот ќе биде 6.0 литарски W12 со моќност од 635 коњски сили и 900Nm вртежен момент, што ќе овозможува забрзување од 0-100км/ч. за 3.7 секунди и максимална брзина од 333км/ч. Подоцна ќе се појави и верзија со V8 мотор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...