Фејслифт на BMW 7 Series

BMW 7 Series доби редизајн со нови мотори, нова plug-in хибридна опција и подобрена технологија како дел од новиот фејслифт.



Новото лице на 7-цата е инспирирано од X7 SUV моделот, со значително поголема предна решетка и редизајнирани предни фарови кои се потенки во однос на сегашниот модел, а кои се LED во стандардната опрема, со можност за одбирање на Laserlight опцијата.

Променета е и формата на предниот браник, а ревидирани се страничните отвори за воздух зад предните тркала кои сега имаат хромирани детали.



Распоредот на елементите во внатрешноста не е променет, но променет е изборот на материјалите и на дел од технологијата.

Централниот 10.25 инчен екран со iDrive 7.0 сега е дополнет со целосно дигитална 12.3 инчна инструмент табла, a понудени ќе бидат и нови опции за дрвен трим.

Во поглед на погонот, 4.4 литарскиот турбо V8 кај 750i моделите е подобрен и има моќност од 530 коњски сили, за 80 повеќе од сегашниот модел.



Plug-in серијата го носи беџот 745e и 4-цилиндричниот бензински мотор го има заменето со 6-цилиндричен, во пар со батерија со поголема волтажа што му овозможува вкупна моќност од 395 коњски сили и домет од 55km. само со електричниот погон.

Сите варијанти со 4-цилиндрични мотори се елиминирани, но 730d, 740d и 750d 3.0 литарскиот 6-цилиндричен дизел остануваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На изложба на слики една девојка му вели на познатиот уметник:
-Јас би сакала нешто во масло, но ефтино.
-Па повелете во онаа продавница отспротива, таму имате сардини.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
1509.- Умре англискиот крал Хенри Седми, основач...
1699.- Умре францускиот писател Жан Батист...