Кинескиот автопроизводител AIWAYS ќе дебитира два модели

Кинескиот автопроизводител AIWAYS на овогодишеното Geneva Motor Show ќе дебитира два модели – комплетно електричен SUV и метанол-електричен суперавтомобил.



Електричниот SUV е наречен U5 и ќе биде поевтина алтернатива на моделите како Mercedes EQC или Audi e-tron, со моќност од 187 коњски сили и 325Nm вртежен момент, додека дометот ќе му изнесува од 460km. со едно полнење на батериите.

Според AIWAYS, U5 ќе биде првиот автомобил во светот со „вештачки интелигентен“ батериски пакет кој ќе биде способен да го зголеми дометот на автомобилот за до 100km.



Телото на U5 е конструирано од комбинација од алуминиум и челик, што нуди ригидност и безбедност. Во кинеските краш тестови U5 има добиено безбедносен рејтинг од 5 ѕвездички, а кога ќе пристигне во Европа овој модел ќе биде еден од најбезбедните SUV модели со средна големина на пазарот.

Системите вградени во него ќе вклучуваат систем за асистенција при возење во ленти, систем за надгледување на уморот на возачот, како и за автоматизирано паркирање. Внатре, U5 ќе има 12.3 инчен infotainment систем, кожни седишта и дигитална инструмент табла.



AIWAYS во Женева ќе го претстават и првиот метанол-електричен суперавтомобил во светот, дизајниран и направен во колаборација со Roland Gumpert. Наречен Nathalie, овој автомобил користи метанол да генерира електрицитет кој потоа се користи за напојување на 4-те електрични мотори.

Наводно, Nathalie ќе генерира комбинирана максимална моќ од 804 коњски сили, ќе забрзува од 0-100км/ч. за 2.5 секунди и ќе има максимална брзина од 305км/ч. Дометот пред резервоарот да има потреба повторно да се наполни ќе му биде 1200Km.

Ќе бидат произведени само 500 модели на Nathalie, а нивната цена не е позната, иако е потврдено дека ќе биде прилично висока.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На час по биологија. Ајде деца кој ќе ми каже некое убаво цвеќе.
- Љубичица!
- Браво, многу убаво.
- Нарцис, учителке..
- Браво, многу убаво.
Малиот Трпе.
- Оргазам...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Виадукт Трејд известува дека на ден 19.08.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален...
Верски календар
На денешен ден
1846.- САД го анектираа Ново Мексико.
1862.- Во Сен Жермен-ан Леи е роден Клод Дебиси,...
1883.- Во Париз умре Иван Сергеевич Тургенев,...
1911.- Прочуеното дело на Леонардо да Винчи,...