SEAT el-Born концепт на електричен фамилијарен автомобил

SEAT el-Born треба да се појави на пазарот идната година и ќе биде првиот комплетно електричен фамилијарен автомобил на овој бренд. El-Born ја дели MEB архитектурата на шасијата со Volkswagen ID, а ќе имаат и сличен изглед.



Во поглед на големината, овој модел ќе биде некаде помеѓу SEAT Leon и Ateca, но ќе има 20-инчни тркала и долго меѓуоскино растојание кое ќе овозможува простор во ентериерот колку што имаат возилата од една класа погоре од него.

Конвенционалните инструменти се заменети со дигитални екрани. На командната табла има „лебдечки“ 10-инчен infotainment систем со лента чувствителна на допир со која ќе се контролираат вентилацијата и греењето, а остатокот на елементите во кабината најверојатно ќе ги дели со VW ID.



Од SEAT велат дека el-Born ќе има 62kWh батерија која ќе му овозможува домет од 420km. , а со 100кW DC полнач ќе може да се наполни до 80% од капацитетот за 47 минути.

Погонот ќе биде на задните тркала, моќноста до 204 коњски сили, а забрзувањето од 0-100км/ч. ќе изнесува 7.5 секунди.

 

Инаку, името на овој модел потекнува од трендовскиот регион на Барселона, а компанијата сè уште официјално го нема потврдено, иако има заштитено трговска марка за неколку можни имиња, меѓу кои E-Born и Born-E. Почетната цена се очекува да биде околу 30 200 eвра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...