Нова 2019 BMW Серија 1

Хечбекот од Серијата 1 на BMW ќе добие значителен редизајн во однос на сегашниот модел и ќе биде ривал на новите Audi A3 и Volkswagen Golf.

Новата Серија 1 ќе користи нова платформа со погон на предните тркала наречена FAAR, што ќе го направи новиот модел околу 20 килограми полесен од сегашниот, со зголемен капацитет на багажникот од 360 на 380 литри.



Подобрен ќе биде и просторот во ентериерот бидејќи новата Серија 1 ќе биде подолга и повисока од сегашната, со дополнителни 2cm. простор за нозе кај задните седишта, и кај главите.

Основните 118i модели ќе бидат напојувани со ревидирана верзија на 1.5 литарскиот 3-цилиндричен турбо бензински мотор од сегашниот MINI, со моќност од 140 коњски сили.

Средните 120d модели ќе го имаат познатиот 2.0 литарски 4-цилиндричен дизел мотор на BMW, со моќност од 192 коњски сили, кој за разлика од бензинецот ќе има 8-брзински менувач и опционален погон на сите тркала.



Драстична промена ќе доживеат најмоќните модели од Серијата 1, бидејќи новата FAAR платформа е компатибилна само со 4-цилиндрични мотори, што значи дека новиот M135i ќе го замени 6-цилиндричниот мотор со 2.0 литарски 4-цилиндричен со моќност од 306 коњски сили и 450Nm вртежен момент.

BMW ќе ја искористат новата Серија 1 да ја прошират понудата и на iPerformance моделите, со електрифицирани варијанти кои ќе користат ревидирана верзија на погонот од MINI Countryman Cooper SE кој се состои од 1.5 литарски турбо бензински мотор и малечок електричен мотор, со потрошувачка од околу 42km/l и СО2 емисии под 50g/km.

Се очекува почетната цена на моделите од новата Серија 1 да биде околу 30 200 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...