Hyundai го претставија специјалното Play издание на моделите i10 и i20, дизајнирано да понуди подобра вредност со повеќе опрема за помал финансиски надоместок во споредба со стандардниот модел.
Со цена како моделот со SE спецификации, новиот i10 Play нуди дополнителна опрема како Apple CarPlay и Android Auto, touchscreen сателитска навигација и 15 инчни алуминиумски бандажи.
Моторот му е 1.0 литарски бензински со моќност од 68 коњски сили и 5-брзински мануелен менувач. Овој модел ќе се нуди во 5 бои (colors (Tomato Red (црвена), Polar White (бела), Champion Blue (сина), Stardust Grey (сива), Clean Slate (светло сиво-сребрена).
Новиот i20 Play, пак, нуди слична опрема како и i10 Play, но со 16 инчни алуминиумски бандажи. Купувачите ќе имаат избор од 2 бензински мотори со моќност од 85 или 100 коњски сили и 5-брзински мануелен менувач. Овој модел ќе биде понуден во истите бои како и i10 Play, но со двобоен финиш со бисерно црн крв.
Цената за i10 Play ќе биде 13 000 евра, додека i20 Play ќе чини од 16 800 евра.