Новите Audi S6 и S7 ќе добијат средно-хибриден дизел погон

Новите Audi S6 и S7 Sportback ќе добијат средно-хибриден погон кој ќе се состои од 3.0 литарски V6 дизел мотор, електричен мотор од 48 волти и електричен суперполнач, а цените ќе започнат од 76 300 евра за S6 и 82 000 евра за S7 Sportback.



Оваа комбинација ќе овозможи 350 коњски сили, 700Nm вртежен момент, погон на сите тркала, 8-брзински автоматски менувач, забрзување од 0-100км/ч. за 5 секунди кај S6 Saloon и 5.1 секунди kaj S6 Avant и S7 Sportback и електронски ограничена максимална брзина од 250км/ч.

Средно-хибридниот систем на Audi се состои од алтернатор од 48 волти и литиум-јонска батерија, кој овозможува потрошувачка од 19.3 km/l кај S6 Saloon и 18.4 km/l кај S6 Avant и S7 Sportback, кој има и систем за рекуперација на енергија со кој се добиваат 8kW енергија за време на забавувањето на автомобилот.

И S6 и S7 Sportback ќе добијат и надоградувања од типот на спортска суспензија и електронска шасија која ги контролира амортизерите и системот за погон на сите тркала, а како дополнителни опции ќе бидат понудени воздушна суспензија, управување на сите 4 тркала и керамички плочки на сопирачките.

Како и сите Audi модели од серијата S, и S6 и S7 како дел од стандардната опрема ќе имаат 20-инчни алуминиумски бандажи, 12.3 инчна дигитална инструмент табла, 8.8 инчен infotainment систем, волан со рамно дно, Алкантара спортски седишта и 4-зонска контрола на климата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...