2020 Mazda 2

Мazda ја најавија ревидираната верзија на нивниот Mazda 2 супермини автомобил, која веќе е во продажба во Јапонија, а во остатокот на светот ќе започне да се продава подоцна годинава.



Стилските ревизии вклучуваат нови 16-инчни алуминиумски бандажи, променет дизајн на предните фарови како и на предниот и задниот браник, потенки светла за магла, и нова предна решетка. Подобрувањата во ентериерот, пак, ќе вклучуваат пар редизајнирани предни седишта и подобро „умртвување“ на звуците кои доаѓаат од надвор, со што би се подобрил комфорот на патниците.

Новата Mazda 2 исто така ќе има подновени амортизери и подобрена верзија на софтверот за менаџирање на однесувањето на шасијата, што според компанијата ќе го направи автомобилот постабилен при поголеми брзини.



Mazda 2 ќе биде на располагање со 3 бензински мотори: 1,5 литарски 4-цилиндричен SkyActiv-G со 75, 90 или 115 коњски сили, и со избор од 6-брзински мануелен или 6-брзински автоматски менувач.

Во поглед на технологијата, новата Mazda 2 ќе има адаптивни LED предни фарови, систем за асистенција за одржување на возење во ленти, и подобрен infotainment систем со поддршка за Apple CarPlay и Android Auto. Вграден ќе биде и нов радарски систем за контрола на крстарењето кој кај моделите со автоматски менувач ќе вклучува функции за запирање и повторно тргање на автомобилот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...