2019 Audi RS 6 Avant

Audi ја слават 25 годишнината од нивниот прв караван модел со високи перформанси – оригиналниот RS 2 од 1994-та – со претставување на новиот RS 6 Avant.



Иако изминаните години S6 и RS 6 Avant ги делеа моторите, најновиот модел ја прекинува таа традиција. S6 сега има 3.0 литарски средно-хибриден дизел мотор со моќност од 348 коњски сили, додека RS 6 користи еден од моторите од Audi Sport дивизијата – 4.0 литарски турбо V8 бензински мотор со моќност од 600 коњски сили, 8-брзински tiptronic менувач, quattro погон, забрзување од 0-100км/ч. за 3.6 секунди, и максимална брзина ограничена на 250км/ч. Од Audi нудат и два перформанс пакети – “Dynamic Package” кој максималната брзина ја зголемува на 280км/ч., и “Dynamic Package Plus” кој ја зголемува на 305км/ч.

4.0 литарскиот мотор е асистиран од електричен систем од 48 волти со малечка литиум-јонска батерија, кој овозможува исклучување на цилиндрите 2,3,5 и 8 кога автомобилот вози бавно но во повисока брзина.

Воздушната суспензија е стандардна кај новиот RS 6, и се спушта за 10mm при брзини над 120км/ч., а се подигнува 20mm при мали брзини.



За да RS моделите се разликуваат од S варијантите, Audi Sport ги прават многу поагресивни, па така каросеријата на RS 6 Avant е 40mm. поширока и има 21 инчни алуминиумски тркала.

Предната решетка е поширока, а на предниот браник има масивни отвори за воздух. Само кровот, предните врати и задниот дел е преземен од стандардниот A6.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек доаѓа во едно село, среќава двајца селани на сред село и му се обраќа на едниот.
- Каде е кметот?
- Сее!
- Сее? Сред зима?
На тоа се надвоврзува другиот селанец:
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од...
Верски календар
На денешен ден
1889.- Роден е Волтер Липман, северноамерикански...
1903.- Над селото Цапари, на Пелистер се водеше...
1939.- Во Лондон умре Сигмунд Фројд, австриски...
1984.- Во Струга умре Владо Малески, македонски...