Шпионски фотографии на 2020 SEAT el-Born

Новиот хечбек модел на SEAT, el-Born, за првпат е забележан на шпионски фотографии за време на неговото тестирање, а ќе биде првиот комплетно електричен автомобил на оваа компанија кога ќе се појави на пазарот во 2020-та.



Новите фотографии откриваат дека дизајнот не му е драматично променет од концептот претставен на овогодинешното Geneva Motor Show.

Концептот има слична должина на SEAT Leon но поголеми тркала (20 инчни), како и поголемо меѓуоскино растојание дизајнирано да овозможи простор во ентериерот како автомобилите кои припаѓаат на една класа повисоко од el-Born.

Вистинска фотографија од ентериерот сè уште нема, но според концептот од Женева може да се процени како тој ќе изгледа. Ќе биде сличен на оној на Volkswagen ID.3, модерен и функционален со дигитална инструмент табла, 10-инчен infotainment екран и лента чувствителна на допир преку која ќе се контролира загревањето и вентилацијата на автомобилот.



Еl-Born ќе биде базиран на истата MEB платформа како и VW ID.3, а веќе е потврдено дека ќе биде понуден со батериски пакет од 62kWh кој ќе овозможи домет до 420км.

Погонот ќе биде на задните тркала, моќноста до 204 коњски сили, а забрзувањето од 0-100км/ч. за 7.5 секунди. Ќе бидат на располагање и помалку моќни модели со помали батерии и пониска цена. Почетната цена на овој модел би требало да биде од 29 300 евра.

Еl-Born името го има добиено од трендовскиот регион на Барселона, а компанијата сè уште нема официјално потврдено дали и продукцискиот модел ќе го носи истото, или можеби ќе биде наречен E-Born или Born-E.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...