2020 Skoda Octavia

Моделот Octavia на Skoda во 2019 ја слави својата 60-годишнина, а новата верзија технички ќе биде 5-та генерација воопшто, а 4-та генерација како дел од VW Group.



Новата Octavia ќе ја користи MQB платформата која овозможува погон само на предните или на сите тркала, додека понудата на мотори ќе се состои од неколку бензински и дизел опции.

Основниот бензински модел ќе има 1.0 литарски 3-цилиндричен мотор од 110 коњски сили, а 1.5 литарскиот 4-цилиндричен бензинец ќе има 150 коњски сили, 6-брзински мануелен менувач и погон на предните тркала.

На располагање ќе биде и e-TEC средно хибридна варијата со стартер мотор од 48 волти и малечка литум-јонска батерија од 48 волти, која ќе ја складира енергијата добиена преку кочењето.



Третата бензинска опција ќе биде 2.0 литарски TSI 4-цилиндричен турбо мотор од 190 коњски сили, со 7-брзински автоматски менувач, погон на сите тркала, забрзување од 0-100км/ч, за 6.9 секунди, и максимална брзина од 233км/ч.

Дизел понудата ќе се состои исклучиво од 2.0 литарски 4-цилиндрични TDI мотори, со моќност од 115, 150, и 200 коњски сили.

Најинтересната понуда ќе биде Octavia iV, првата Оctavia со plug-in хибриден погон кој ќе се состои од 1.4 литарски 3-цилиндричен бензински мотор во комбинација со електричен и вкупна моќност од 204 коњски сили и 350Nm вртежен момент.



Новата Octavia ќе биде незначително поголема од сегашната – хечбек варијантата ќе биде подолга за 19мм, додека караванот за 22мм. Двете варијанти ќе бидат пошироки за 15мм, со багажник од 600 литри кај хечбекот, и 640 литри кај караванот.

Најголемите трансформации се во кабината, која кај новиот модел ќе има подобрен 10.25 инчен опционален виртуелен кокпит, како и 4 централно монтирани infotainment систем – основен од 8.25 инчи со Apple CarPlay и Android Auto, и три 10-инчни со разновидна функционалност како навигација, додатни апликации, гласовна контрола, контрола со гестикулации и сл.

Системите за безбедност и асистенција на возачот ќе вклучуваат систем за избегнување на судари, за управување и контрола на крстарењето, за препознавање на сообраќајни знаци, за одржување на возење во лента и др.

Хечбек и караван верзиите би требало да се појават на пазарот во вториот квартал на 2020, со почетна цена од околу 23 300 евра



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...