Нов електричен Citroen Ami

Новиот електричен Citroen Ami е продукциската верзија на AMI One концептот прикажан на 2019 Geneva Motor Show.

Изгледот на концептот е во голема мера задржан – вклучувајќи го едноставниот дизајн кој користи исти панели на каросеријата за предниот и задниот дел, а вратите се отвараат во спротивна насока.

Овој двосед е долг само 2.41 метри, широк 1.39 метри, и висок 1.52 метри – правејќи го значително пократок и потесен од Smart ForTwo.

Спецификациите на Citroen Ami се дизајнирани да се користи за градско возење, а во некои европски земји ќе можат да го возат и 14 годишни лица без возачка дозвола.

Напојуван е од 5.5kWh литиум-јонска батерија што му овозможува домет од околу 70км., која целата може да се наполни за околу 3 часа. Максималната брзина на возилото е 45км/ч., што е уште еден доказ дека е дизајнирано за сообраќајните гужви во градовите.

И внатрешноста е скоро идентична со онаа на AMI One концептот – не постои конвенционален централен дисплеј, а наместо тоа се користи сопствениот смартфон кој функционира како infotainment дисплеј и навигациски екран. На воланот е монтирана најосновна инструмент табла, која најверојатно е вградена за да се задоволат законските побарувања.

Исто така не постои и конвенционален багажник, туку простор за багаж кај нозете на патниците и уште еден зад седиштата.

Citroen го гледаат овој модел како ривал не само на малечките градски автомобили, туку и на растечкиот тренд на електрични велосипеди во големите градски центри. Поради тоа, цените на Ami се флексибилни – на пример, во Франција може да се купи за €6,000, или пак долготрајно да се изнајмува за €20 месечно (во период од 4 години) , со депозит од €2,600.

На оние на кои им е потребна максимална флексибилност и алтернатива за електричните скутери, AMI ќе биде понуден и на Free2Move сервисот за изнајмување и делење на автомобили, по цена од €0.26 за минута возење.

Автомобилот ќе биде понуден во 7 различни верзии, со опционална опрема која ќе вклучува мрежа за складирање предмети на вратите, закачалка за торба и сл, а на располагање ќе бидат 4 бои за каросеријата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...