|
|
|
Volkswagen Arteon R-Line EditionVolkswagen го претставија нивниот нов модел Arteon R-Line Edition чија продукција ќе биде лимитирана на само 1000 возила, со почетна цена од 42 900 евра.
Како и другите VW модели со R-Line трим, и Arteon ќе добие мноштво козметички подобрувања кои ќе го двојат од останатите (поефтини) негови варијанти. Тука ќе спаѓаат новата колор шема (Moonstone сива со црн финиш на кровот, ретровизорите и 20-инчните алуминиумски тркала), затемнети стакла како дел од стандардната опрема, како и спојлер на задниот дел.
Внатре, Arteon R-Line ќе има напа кожа и зимски пакет како стандардна опрема, кој ќе вклучува загревање на седиштата. На располагање ќе биде и амбиентално осветлување, како и 12.3 инчен дигитален кокпит.
Kупувачите ќе имаат избор од 1 бензински и 2 дизел мотори. Дизелите ќе бидат 2.0 литарски турбо од 190 коњски сили, како и twin-turbo варијанта со 240 коњски сили и 500Nm вртежен момент. Бензинската варијанта ќе биде најмоќна, 2.0 литарски турбо мотор со помала моќност од оној на Golf R – 270 коњски сили, и погон на сите тркала. Сите верзии ќе доаѓаат со 7-брзински автоматски менувач.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Муабетат двајца пријатели во кафана: - Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа? - Ај, шо збориш, од една само??? - Да бе, и тоа обично шестата.
* * * Прашува едно дете... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
|
|
|
|