2020 Fiat 500 EV

Fiat 500 е икона на градските возила уште од времето кога моделот беше познат како „Фиќо“, а особено по повторното лансирање на овој модел во 2007-ма.

Од тогаш, тој е подновуван со нови бои и разни подобрувања, а сега е време за најголемата револуција во неговата историја – сосема нов, комплетно електричен Fiat 500.



Третата генерација на Fiat 500 (по онаа од 2007 и онаа од оригиналниот Cinquecento 1957-1975) ќе биде изградена на нова платформа, поради која електричниот модел ќе биде 60мм. поширок и подолг од сегашниот. Меѓуоскиното растојание е зголемено за 20мм., додека должината ќе остане под 4 метри.

Дизајнот е многу сличен на оној на сегашниот модел, со исклучок на нов преден браник и фарови, кои се послични на оние од моделот од 1957.

Електричниот 500 ќе биде лансиран како кабриолет, а верзија со фиксен кров ќе се појави подоцна.

Автомобилот има литиум-јонски батериски пакет од 42kWh, кој овозможува домет од 320км, а го напојува електричниот мотор од 120 коњски сили кој може да забрзува од 0-100км/ч. за 9 секунди, со максимална брзина од 150км/ч.

Fiat 500 ќе доаѓа со полнач од 85kW, што ќе овозможува полнење на батеријата од 0-80% капацитет за само 35 минути, а планирано е и лансирање на полнач од 3kW кој би можел да се приклучи на домашен приклучок без потреба од професионална инсталација.

Дизајнот и квалитетот на ентериерот е подобрен, и вклучува нова, помалку натрупана командна табла направена со поквалитетни материјали. 10.25 инчниот touchscreen во висока резолуција има Apple CarPlay функционалност, а подоцна и Android Auto. Инструмент таблата, пак, е во форма на 7-инчен TFT дигитален дисплеј.

Fiat 500 ќе нуди и смартфон апликации со чија помош корисниците ќе можат да го проверат процентот на батеријата, како и да го оладат или згреат возилото пред да влезат во него.

Цената на новиот Fiat 500 ќе биде 33 200 евра, и тоа за најопремениот “La Prima” трим со врвни перформанси, додека послабите тримови ќе имаат пониска цена. Овој трим како дел од стандардната опрема ќе има LED предни фарови, еко-кожа, 17-инчни алуминиумски бандажи, и хромирани елементи на екстериерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...