Polestar Precept концепт за футуристичко електрично возило

Polestar Precept е концепт на нов електричен автомобил на Polestar (бренд на Volvo) со форма која многу наликува на Tesla Model 3 и Model S.



Сега за сега не се објавени технички детали освен потврдата дека се работи за автомобил со комплетно електричен погон и меѓуоскино растојание од 3.1 метри – што е многу послично до она на Mercedes S-класа моделите отколку оние на Tesla. Скоро сигурно е дека автомобилот ќе биде изграден на SPA2, идната нова генерација на платформата на Volvo наменета за големи возила, а се очекува Precept да биде долг околку 4.7 метри.

Ентериерот е различен од оној на Polestar 1 и 2 – во центарот на командната табла е 15-инчен вертикален дисплеј кој користи нов оперативен систем базиран на Android, развиен во соработка со Google, како и 12.5 инчна дигитална инструмент табла зад воланот.

Ретровизорот е заменет со дигитален дисплеј кој ја прикажува сликата од широкоаголната камера монтирана на задниот дел од автомобилот, а причината за тоа е што Precept нема конвенционално задно стакло.

Кабината со 4 седишта користи е изработена воглавном од одржливи материјали, вклучувајќи композити базирани на лен за внатрешните панели и потпирачи за седишта кои се за 50% полесни од конвенционалните.

Материјалот на седиштата е 3D-плетен од рециклирани пластични шишиња, потпирачите за глави од рециклиран винил од плута, додека патосниците од мрежи за риболов.

Нема податоци во врска со големината и перформансите на батеријата, а од Polestar сугерираат дека Precept може да има автономни возачки способности со Level 4 – карактеристика која најверојатно ќе го одреди датумот за лансирање на овој автомобил, бидејќи Lidar сензорите со потребната големина не се очекува да навлезат во продукција барем до стартот на 2023-та.
Precept концептот ќе биде јавно претставен на Geneva Motor Show.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...