Тојота разработува нов водороден мотор

Водечкиот јапонски производител на автомобили „Тојота моторс“ работи на нов мотор на водород како дел од својот концепт за намалување на испуштањето штетни гасови, соопшти корпорацијата денеска.



Новиот турбо-мотор ќе биде трицилиндричен, со зафатнина од 1,6 литри. Ќе работи со согорување на водород и модифицирани системи за вбризгување и снабдување со гориво. Таквиот мотор е сличен на бензинскиот, но сепак, со исклучок на помалата потрошувачка на моторно масло, нема да има никакво штетно испуштање. Покрај тоа, процесот на согорување на водородот е и побрз, што позитивно ќе влијае на динамиката на автомобилот.

„Тојота“ очекува да го тестира својот проект во развој во мај, на патека во префектурата Шиѕуока.

Компанијата во 2014 година го претстави првиот автомобил со ваков вид гориво – „Мира“. Сепак и покрај неодамнешното издавање на втората генерација, „Мирај“ не е многу баран во Јапонија поради неговата висока цена и недостатокот на развиена мрежа на станици за полнење со водород.

Јапонската Влада на крајот на минатата година го одобри новиот план за намалување на емисиите на штетни гасови, кој меѓу другото, има за цел да го запре производството на сите бензински и дизел-возила до 2030 година. Засегнати се вкупно 14 индустрии и области, како што се домувањето, развој на водородна енергија и др. Според властите, усвоената стратегија треба да ја стимулира економијата на земјата и да создаде позитивен стопански ефект од 750 милијарди евра до 2030 година и скоро 1,5 трилиони евра следните 20 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...