Изминатите недели на интернет порталите се појави информација дека српскиот дизајнер Милош Папировиќ осмислил интерен футуристички изглед за автомобилот Yugo, кое сега го има називот Zugo.

Сепак, неговото решение заврши на 5-то место во категоријата младите сили на дизајнерскиот натпревар за автомобили Design Challenge 2011, а пред него се најде решението на еден жител на Осиек – Вилим Плижариќ.
- Ние, тројцата финалисти како појдовна точка го земавме Yugo-то. И додека Zugo е своевидна пародија, моето решение е сериозен концепт, а сета духовитост е во играта на зборовите и називот Yugo Nostalgia, вели Плужариќ.

Yugo Nostalgia е замислен е како ултралесен и едноставен автомобил кој им противи на законитостите на доцниот капитализам: нема дополнителна опрема и луксузни додатоци, а служи како превозно средство од точката А до точката Б со мала потрошувачка и ниска цена, како продажна така и за одржување.
- Како замена за тие „недостатоци“ сакав да ги наградам корисниците со симпатичен облик и футуристички стил, што ќе им даде чувство дека поседуваат некој вид на гаџет. Концепт – возилото е особено широко и многу кратко, но има место за три лице, со се возачот. Тоа е концепт со кој се врќа фундаменталниот, утилитарниот и економичниот дизајн. Се обидов да креирам Yugo какво би можело да излезе од студиото на Fiat.

- Имајќи предвид дека Fiat е сопственик на фабриката во Крагуевац, би било убаво да се ревитализира автоиндустријата во овој регион, формирајќи нов бренд токму со модел кој би бил поглед во иднината, а се темели на сништата од минатото, вели Плижариќ.
