Brabus го усоврши и онака совршениот Mercedes

Откако беше претставена надградбата на „обичниот“ Mercedes CLA, Brabus се фокусираше на дотерување на неговата екстремна верзја – моделот CLA 45 AMG.



Компанијата која се занимава со доработка на моделите на Mercedes ја прифатила тешката задача, со оглед на тоа што CLA 45 AMG, со 360 коњски сили произведени од четирите цилиндри на неговиот мотор, веќе сам по себе е исклучителен автомобил.

Сепак, Brabus својата репутација ја стекна токму со усовршување на и онака совршените модели, па така успеа да го зајакне Mercedes-овиот 2.0 литарски турбо-бензинец на  дури 400 коњски сили и да го зголеми максималните вртежи од 450 на 500 Nm.



Благодарение на тоа, автомобилот сега е во состојба за 4,2 секунди да достигне брзина од 0 до 96 km/h, што претставува подобрување од 0,2 секунди во однос на сериската верзија.



Brabus верзијата се разликува од стандардниот CLA AMG модел и по стилските детали на надворешноста, како и по ентериерот на автомобилот.

Покрај буквата „B“, која на маската на ладилникот ја замени ѕвездата со три краци, тука се и црвените детали на оклопот на предната маска и страничните ретровизори, специјално дизајнираните 19 инчни црвено-црни алуминиумски фелни, како и дополнителните дискретни стабилизатори на завршетокот на кровот и на капакот на багажникот.



Црвените детали се присутни и во кабината, на седиштата, на воланот, инструмент таблата и сигурносните појаси, како контраст на доминантно црниот ентериер, додека спортските седишта имаат комбинација на кожа и материјалот Alcantara.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...