Ford Focus, кој стана огромен хит во Кина, е најпродаваниот модел на автомобил за 2013 година, според собраните податоци од автомобилските фирми.
Минатата година Ford продал вкупно 1.097.618 Focus модели во светот, што придонело до 8.1% пораст на приходите. За да бидеме попрецизни, два модели од Ford Focus се продавале секоја минута, секој ден цела година.
Минатата година Ford пријавија приход од 8.6 милијарди долари и тоа половина од овој приход доаѓа благодарение на експлозивното барање на овој модел токму во Кина. Идната недела на саемот за автомобили во Њујорк, Ford ќе претстави нов, редизајниран модел на Ford Focus.