ФОТО: Најлудите возила во светот

Понудата на автомобилите на светскиот пазар никогаш не била поголема. Сепак, покрај вообичаените продукциски модели, на патиштата ширум светот може да се видат многу необични возила, кои изгледаат мошне лудо.

Некои од овие автомобили се модифицирани според личните желби на сопствениците, а други се направени самостојно во работилници.

Ни ние не знаеме колку точки има на ова возило од Индија во форма на женска штикла, но заслужи да се најде на листата поради својата оригиналност.

Бројните модели на MINI им нудат на купувачите целосно задоволство, па дури има модели и за најпребирливите клиенти. За оние кои од MINI бараат нешто многу повеќе, направен е оваа продолжена верзија на моделот Cooper S со четири врати, 6 седишта и џакузи за опуштање при долги патувања.

Кога се појави на пазарот, овој Mercedes SL600 ги привлекуваше постарите генерации каде и да се појавеше. Но, како да се разликува богаташот од обичните смртници? Со прикривање на целото возило со 300.000 Сваровски кристали.

Овој добро чуван FIAT 500 од кој се отстранети кровот и вратата се движи низ улиците на Швајцарија. Можеби не ви изгледа за необичен, но навистина е интересен.

Прототипот на P.U.M.A, кои го развија General Motors и Segway, строго гледано и не спаѓа во категоријата на автомобили, бидејќи се движи на две големи тркала. Но, постојат уште две мали помошни тркала, па со тоа може слободно да се вброи во возило со четири тркала, а овој модел е еден од најнеобичните што сме го виделе.

Оваа Honda од Ванкувер претставува едно од решенијата за намалување на штетните гасови кои ги шират автомобилите. Не само што има нулта емисија, туку и јаглен диоксидот го претвора во кислород. За жал има еден недостаток – не може да се вози бидејќи и е изваден моторот.

Ни овој Ford кој е направен од Лего коцки нема практична употреба, но сигурно ќе признаете дека изгледа забавно.

На сопственикот на пик-апот од Нигерија сигурно не му се допаднало во каква состојба е неговиот автомобил, па одлучил да го декорира на необичен начин – целиот го исплетел со трска од палма. Бил мошне темелен во својата намера, така да не препуштил да ги прекрие и седиштата и ретровизорот.

Ова е вистинското возило за вистинското место – Венеција.


Можеби овој автомобил ќе ве потсети на возилото од филмот „Лудиот Макс“, но пробајте и вие да направите еден вака функционален автомобил во вашата гаража. Кинескињата Занг Јиндуо успеала да го направи заедно со својот син, кој е автомеханичар.

Кина е земјата во која годишно се продаваат најмногу нови автомобили во светот. Тоа е и место каде што луѓето се фасцинирани од возилата на Lamborghini. Дури и обичните луѓе кои не се во состојба да си го дозволат овој скап модел, се обидуваат да направат верзија од него, како што е оваа, која чини околу 10.000 долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...