Забрмче новиот „виртуелен“ ѕвер на Aston Martin

„Инвазијата“ на виртуелните модели на автомобили, наменети за популарниот серијал на видео игри, Gran Turismo 6 продолжува!

Најновиот ѕвер на четири тркала наменет за „собните тркачи“ доаѓа од Aston Martin и го носи името Design Prototype 100, односно DP-100 Vision Gran Turismo.

Развиен од страна на дизајнерскиот тим на Aston Martin, предводен од Марек Реичхман, DP-100 е создаден во период од шест месеци, на начин на кој настануваат сериските, но и лимитираните модели од оваа престижна автомобилска куќа, почнувајќи од дизајнерските цртежи и идеи, преку комјутерските модели, па се до 3D макети во одредени размери.

Овој автомобил го движи V12 twin-turbo мотор од околу 800 коњски сили, а љубителите на Gran Turismo 6 играта за Playstation ќе можат да го симнат веќе во текот на јули и да го придодадат на својата „виртуелна ергела“.

Според експертите, возилото како такво, тешко дека ќе излезе на вистинскиот асфалт, но сепак некои дизајнирани елементи, идеи, како и делови ќе се најдат во следните нови модели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...