Каква штета: LaFerrari настрада во Монте Карло!

Додека единственото „блескаво“ зелено LaFerrari, сопственост на познатиот пејач Џеј Кеј ја забавуваше публиката на популарниот Goodwood Festival of Speed, еден црвен примерок со сериски број 199508 за жал доживеа сообраќајна несреќа и тоа во центарот на Монте Карло.

Егзотичниот автомобил имал „блиска средба“ со Volkswagen Golf VI, кој според прелеминарните информации, не го почитувал првенственото минување на раскрсницата, по што на него налетало Ferrari-то.

За среќа, никој во незгодата не е повреден, а дури и материјалната штета не е „инфаркт“, иако е сигурно дека дури и мала, таа ќе изнесува поприлично многу.

Иако многумина наведуваат дека ова воедно е и прв судир на овој егзотичен автомобил, всушност не е точно, бидејќи за време на завршните тестирања, на еден „камуфлиран“ LaFerrari налета камион за време на возењето на автопат во близина на гратчето Мантова.

Инаку, иако сè уште не е официјално потврдено, се претпоставува дека дотичниот LaFerrari кој настрадал во Монте Карло е истиот оној кој имаше заедничко возење со моделот Enzo на патиштата во околината на Монако.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...