Конечно пристигна замената на McLaren 12C GT3, кој што беше претставен на овогодинешниот саем за брзина „Goodwood“. Всушност ова е една надградена верзија во која се вклучени и подобри технички перформанси.
Покрај очигледните стилски разлики, McLaren 650S GT3 има некои свои предности како што се подобра амортизација, електроника и кабина. Моторот е ист како и на претходниот модел, но со поголема издржливост за подолги патеки.