BMW M235i Track Edition - супериорна динамика и софистициран изглед

Германската автомобилска групација BMW ни го претставува BMW M235i Track Edition, кој доаѓа во комбинација со супериорна возна динамика и софистициран изглед.



BMW M235i сам по себе е многу динамичен автомобил. Лесен и компактен, благодарение на распределбата на тежината и погонот на задните тркала, спортскиот автомобил ќе го импресионира секој кој сака енергичност и прецизно движење. Сепак, на произведувачите тоа не им беше доволно, па одлучија да направат едно специјално издание BMW M235i Track Edition во ограничена серија од само 12 автомобили.



Веќе моќниот изглед на BMW M235i дополнително е нагласен со аеродинамичен пакет, кој се состои од преден сплитер, карбонски поклопец на багажникот и дифузор на задниот дел. Освен овој аеродинамичен пакет, BMW M235i Track Edition е опремен со посебен издувен систем, а се движи со помош на 19-инчни BMW M Performance гуми.



Системот за стандардна М суспензија со динамичка контрола на стабилноста и 3.0 литрениот TwinPower Turbo мотор со 6 цилиндари овозможуваат супериорни перформанси во сите услови. Моторот има капацитет да развие 326КС, а во комбинација со 9-брзинскиот автоматски менувач и Launch Control достигнува од 0 до 100км/час за само 4.8 секунди. Максималната брзина која овој мотор може да ја достигне е 250км/час.



Внатрешноста на автомобилот е на исто скалило со надворешноста. Посебен елемент е мултифункционалниот спортски управувач од карбонски влакна со вграден екран, кој нуди можност за мерење на времето поминато во возење и индикатор за промена на брзината. Управувачот е обвиткан во Алкантра материјал, кој служи како оптимална потпора во екстремни ситуации.



BMW M235i Track Edition е веќе достапен во четири бои. Сè што треба да направите е да обезбедите 83.000 евра и автомобилот ќе биде ваш!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...