Автомобил во кој нема да може да се загине?!

Новиот „Volvo XC90“, кој светската премиера ќе ја доживее во август, ќе понуди сеопфатен и технолошки најнапреден стандарден пакет од сигурносни системи во автомобилската индустрија. Новиот систем шведската компанија значајно ќе ја приближи до нивната цел да до 2020-та создадат „автомобил во кој нема да може да се загине“.

Стандардниот сигурносен пакет на новото Volvo ќе подразбира и два потполно нови системи – заштита од излетување од патот и автоматско кочење на раскрсници.

Првиот од овие системи „ Run-off road protection “ или заштита од излегување од патот е смислен со цел патниците да бидат дополнително заштитени. Тој подразбира затегнување на предните сигурносни појаси за патниците да останат на своите места, а тука е и системот помеѓу седиштата и рамот на седиштето, кој служи за апсорбирање на вертикалната сила при несреќа.

Тука се и традиционалните системи како „Lane Keeping Aid“, кој го одржува автомобилот во лентата, „Driver Alert Control“ кој го предупредува возачот на замор и намалена концентрација, како и „Rest Stop Guidance“ кој го наведува возачот до најблиското одморалиште.

Вториот нов сигурносен систем е „Auto brake at intersections“ или автоматско кочење на раскрсници. Овој новитет е воведен како одговор на едно од најчестите сценарија во градското возење, т.е. прометни раскрници. Новото „Volvo XC90“ ќе може да детектира потенцијален судар и автоматски да закочи со цел да го избегне.

Сопствениците на овој автомобил исто така ќе бидат безбедни и кога ќе дојде до удар во задниот дел. Радарите на задниот дел на автомобилот ја детектираат опасноста и праќаат сигнал за затегнување на сигурносните појаси. Светлото за предупредување исто така се пали со цел да го предупреди возачот на возилото кое доаѓа, а се активираат и кочниците со цел да го ублажат ударот.

Освен тоа, тука се и системите против превртување, автоматско кочење во градско возење, детекција на сообраќајните знаци и нивното претставување на контролната табла, предупредување за возило кое се наоѓа во мртвиот агол, асистенција при возење во колона.

Колку и да звучи неверојатно, по сите овие новитети, планот на Volvo да до 2020-та година создаде „автомобил во кој не може да се загине“ делува реално, а нам ни останува со нетрпение да ја очекуваме промоцијата во август на еден од најбезбедните автомобили на денешницата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...