Некоја нова доба: Toyoya и BMW заедно до турбо мотор

Спектакуларниот концепт на Toyota, FT-1 треба да прерасне во сериска верзија на новата Supra, која би ја движел 2,0 литарски четирицилиндричен мотор на BMW.

Овогодинешниот Саем на автомобили во Детроит, помина во знакот на фантастичниот коцепт на Toyota, FT-1, за кој многумина сметаат дека е навестување за „оживување“ на легендарната Supra. На сериската верзија на овој спортски автомобил, Toyota работи веќе некое време, а плодовите од соработката ќе ги почувствува новиот Z4, како и споменатата Supra.

Она што сè уште не е познато е каква погонска единица ќе го движи овој јапонски автомобил.

Иако најпрвин се збореше за V6 турбо бензинец, сите гласини споменуваат 2,0-литарски турбо бензинец кој ќе го развие BMW. Делот на Toyota ќе биде „управување“ со новата генерација на сопствениот хибриден погон и на крај, Supra ќе располага со околу 350 коњски сили.

Она што е потврдено е дека новиот спортски автомобил на Toyota ќе има три електромотори, еден позади, кој ќе му „помага“ на бензинскиот агрегат, како и два електромотори напред, за секое тркало посебно. Со самото тоа, значи дека Supra ќе има погон за сите четири тркала, а не само на задната осовина, како што во почетокот се шпекулираше. Истовремено BMW и Toyota ќе употребат трансимисија со двојно квачило.

Германскиот Z4 и јапонската Supra во моментов се во заврна фаза од развојот, а во продажните салони се очекуваат некаде кон крајот на 2017-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...