Италијански мунгос: Убавец од 1969-та година

Сега веќе поранешната италијанска компанија De Tomaso, своевремено произведуваше егзотични спортски автомобили, а покрај Pantera, по која што е најпозната, заслужна е и за прилично реткиот модел Mangusta (мунгос на италијански).

Овој убав автомобил своевремено, кон крајот на 60-те години, сериозно ги „мачеше“ сопствениците на далеку попознатите Ferrari, Lamborghini или Maserati (кој во периодот од 1976-та до 1993-та беше во сопственост на компанијата De Tomaso)!

Во текот на сите пет години на производство, од 1996-та до 1971-та направени се вкупно 401-примероци, од кои дури 250 модели завршиле на територијата на САД. Еден од тие примероци, произведен 1969-та години, покасно стигна назад во Европа, поточно во Велика Британија, каде на 30-ти август ќе биде предмет на продажба, а проценетата вредност се движи од 260.000 до 300.000 евра!

Инаку Mangusta е втор модел на компанијата De Tomaso (првиот е Vellelunga), a првиот направен во поголем број на примероци, додека идејниот творец на проектот е Аргентинецот, Alejandro De Tomaso.

Овој автомобил го движи Ford-овиот 4,9 литарски V8 мотор од 221 KS (постои и верзија со 4,7 литарски агрегат, наменета воглавно за Европа, која е посилна и остварува 306 KS) во комбинација со ZF-овиот 5-степен менувач, а моделот поседува и целокупна документација, како и сите хартии поврзани за одржувањето во изминатите 45 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...