Промотивните трки помеѓу борбените авиони и супер спортските автомобили секогаш претставувале врвна, спектакуларна забава.
На неодамна одржаниот спектакуларен настан „Форсаж 2014“, кај местото Жуковски во близина на Москва, публиката имаше шанса да ужива не само во бравурите на модерните борбени авиони од руското воено воздухопловство, туку и во „дуелите“ со најновите егзотични автомобили од целиот свет.
Еден од интересните двобои беше и „трката“ помеѓу Сухои Су 30 и Lamborghini Hurricane LP 610, секако од промотивен карактер.