Mazda го претстави шармантниот модел

Новата генерација на roadster-от на Mazda, MX-5 конечно ја здогледа светлоста на денот, а покрај новите технологии, донесува и нешто поинаков дизајн отколку што се очекуваше.

Еден од најуспешните модели во историјата на Mazda, спортскиот модел MX-5, сега се наоѓа во својата 4-та генерација, бидејќи јапонскиот производител го претстави новиот модел за кој навистина многу се нагаѓаше и кој беше предмет на бројни шпекулации.

Визуелно, моделот и не изгледа револуционерно како што се очекуваше, со далеку помало влијание на актуелните модели кои ги извади оваа автомобилска компанија, како што на пр. е Mazda6.

И понатаму овој модел го следи дизајнерскиот правец „Kodo“, но во нешто понамалена мера во однос на остатокот од гамата, па дури и на очекување на публиката. Дали тое е добро ќе покаже времето...

Новата Mazda MX5 е 100 килограми полесна во однос на својот претходник, а нагласена е и подобрената балансираност на возилото, кое сега има идеален распоред на масата во однос 50:50, со што ветува и одлични возни карактеристики.

За сега Mazda споменува само еден, новоразвиен SkyActiv мотор кој ќе биде претставен наскоро, а најверојатно е во прашање нешто послаб 1,5 литарски агрегат од околу 140 коњски сили.

Што се однесува до цената на самиот модел, таа се уште не е соопштена, но се очекува верзијата со 1,5 литарски мотор да стартува од околу 25.000 евра во земјите на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...