Кога Италијанци ќе го разубават Aston Martin

Италијанската дизајнерска куќа Zagato уште еднаш го прикажа своето видување на постоечките модели на Aston Martin, a студијата Virage Shoting Brake Zagato воедно е и трета и последна во низата на модели со кое се одбележа 100 годишнината од постоењето на овој луксузен британски произведувач.

Соработката помеѓу британскиот Aston Martin и италијанската дизајнерска куќа Zagato, трае неколку децении наназад, а најновиот во низата модели кој е плод на заеднички потфат е Virage Shoting Brake, секако направен како уникатна студија која минатата недела дебитираше на Chantilly Arts & Elegance Concours D’Elegance.

Автомобилот е направен по нарачка на неименуван ВИП клиент на Aston Martin, а базиран е на стандардното Virage купе, кое доби нешто попрактична каросерија, барем кога станува збор за просторот во кабината.

Со самата измена на обликот на каросеријата, промени претрпеа и задните светла како и задникот браник.

Под хаубата, Virage Shooting Brake го движи ист мотор како и оригиналното купе, 6,0 литарска V12 единица со околу 500 коњски сили, кои силата ја испорачуваат на задните тркала.

Во продолжение видете како изгледа оригиналниот Virage Shooting Brake:

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...