Ford со секси париски шмек

Ford ги објави првите фотографии од новата генерација на моделот S-MAX кој ќе ја има светската премиера во Париз.

Една година откако во Франкфурт ја претстави концепт верзијата, Ford откри како ќе изгледа серискиот S-MAX.

Дизајнот на серискиот модел се надоврзува на концептот, со неколку поедноставни работи кои се во функција на поевтиното производство.

Како и повеќето нови модели кои Ford ги нуди на европскиот пазар, и новиот S-MAX има карактеристична трапезоидна маска и препознатливи издолжени светла.

Внатрешноста е дизајнирана едноставно и елегантно, со доминантен екран со мултимедијалниот систем на врвот на централната конзола и дискретни команди на клима уредот.

Ford ќе понуди и некои практични функции, како електросклопливи седишта во вториот и третиот ред, како и hands-free отворање на вратата на багажникот, кој овој произведувач го примени и на моделот Kuga.

S-MAX е опремен и со нови странични воздушни перничиња позади, електрично подесив управувач и седишта со функции – греење, ладење и масирање.

Ford официјално не ги објави деталите за погонските единици, а се очекува да се најдат неколку варијанти од 2.0 литарскиот TDCI дизел мотор во комбинација со шестостепен или автоматски менувач со двојно квачило.

Кога станува збор за бензинците, на купувачите на располагање ќе им бидат 1.5 литарски и 2.0 литарски EcoBoost мотори.

Повеќе детали ќе бидат познати во почетокот на октомври, по премиерата на авто-саемот во Париз, а новиот S-MAX пристига во продажба во 2015-та година.

Почетната цена би требало да изнесува 30.000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...