Бушава, бела и секси: Кој позира за новата Opel Corsa?

Во фокусот на снимањето за календарот за 2015-та беше сосема посебен топ модел...

Модни креаторот и фотограф, Карл Лагерфелд, успеа да наговори посебен топ модел да му се придружи во еден проект за Opel – во прашање е Choupette Lagerfeld. Белата мачка на популарниот креатор е ѕвезда на календарот за Opel Corsa за 2015-та. „Стариот рецепт“ за секси супермодел на автомобил полека станува досаден. Карл Лагерфелд откри нов пристап на оваа тема, вели шефот на маркетинг одделот во Opel, Тина Милер. Таа присуствувала на снимањето со Карл и била воодушевена од проектот.

Петтата генерација на Corsa само што беше претставена. Во изманатите 32 години овој модел бил фотографиран со бројни супермодели. Сега постоел само еден, посебен начин на кој Лагерфелд сакал да го претстави овој автомобил, а во тоа му помогнала неговата мачка Choupette Lagerfeld, која дури има и свој Twitter профил.

Новата Corsa која ја доби својата премиера во Париз може е возбудлив мал автомобил. Дизајнерски не исчекорува многу од својот претходник, но тоа ново што го има во себе е еквивалент на вечната привлечност на германскиот супермодел.

Како што откриваат германските медиуми најпривлечен во понудата на ова интересно градско возило е новиот еднолитарски Ecotec турбо мотор со алуминиумски блок, директно вбризгување на горивото и 90 и 115 KS, а сега, на почетокот на походот кон срцата на европските возачи, интересен ќе биде и 100-коњскиот 1,4 литарски турбо бензинец. Дизел моторите доаѓаат во две варијанти на 1,3 литарскиот CDTi, со 75 и 95 KS.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...