Секој колекционер на автомобили има различни пасии. Некои од нив сакаат колекција од виолетови автомобили, некои автомобили кои поминале само 100км, а еден колекционер собира автомобили според азбуката.
Тоа е колекционерот Џон Моир, кој поминал половина век во собирање на автомобили чии имиња започнуваат со по една буква од англиската азбука од A до Z. Тој е професор во средно училиште во Њу Хемпшајр, со голема пасија кон автомобили.
Ја почувствувал пасијата уште на 7 годишна возраст и оттогаш постојано ја надополнувал својата колекција. Но, откако ги собрал сите „автомобилски букви“,решил да ги продаде на аукција.
- Џон е горд на својата колекција, но бидејќи неговите деца не биле толку заинтересирани за овие автомобили решил да ги продаде, изјави Дон Роус, пријател на Џон.
Тој со страст ја покажувал неговата колекција на олд-тајмери на луѓето кои доаѓале да ја посетат. Дел од колекцијата ви пренесуваме во галеријата! Верувајте дека вреди да се погледне секој автомобил.