Пристигнува Тесла со два мотори и автопилот

Како што беше предвидено, најавениот Тесла модел „D" според тизерите кои ги објави извршниот директор Елон Маск на почеток на месецов се однесуваат на нови дополнувања на моделот „S". Станува збор за импресивна надградба – два мотора, погон на сите тркала и опција  автопилот.



Полу-автономниот систем во оваа фаза нуди неколку основни функции, но е отворен и за понатамошно подобрување.

Во досегашните модели вграден е електричен генератор кој ги покренува предните тркала и е во понудата за сите варијанти на моделот „S“,  вклучувајќи ги и „60D“, „85D“ и „P85D“ кој има  високи перформанси. Сега  „60D“ и „85D“ ќе имаат идентичен преден и заден мотор со вкупна моќност од 376KS, додека кај „P85D“ на предните тркала моторот ќе биде со моќност од 221KS, додека задниот со 470KS, односно ќе располага со вкупна моќност од дури 691KS. Во соопштението од компанијата се вели дека „P85D“ до стотка во оваа конфигурација ќе забрзува за само 3,2 секунди.



Друга погодност со вградување на два мотора е зголемената автономија која ќе изнесува 362км за моделот „60D“, 474km за „85D“ и 442 km за моделот P85D.



Автопилотот е базиран на предната камерата, радар и ултразвучните сензори кои покриваат површина од 360 степени околу автомобилот. Софтверските решенија постојано ќе се усовршуваат, а со текот на времето треба да понудат и мод на самовозење со помош на автопилот. Се уште не се знае кога оваа опција ќе биде понудена, но треба да се напомене дека Mercedes-Benz на пазарот веќе има автомобил кој располагаат со оваа технологија.



Автопилотот во  „S" моделот  може да ги „чита“ знаците за ограничувањето на брзината и да ја приспособува истата, а исто така да  преминува од лента во лента кога возачот ќе му даде команда. Кога се вози по автопат, само треба да го вклучите трепкачот во насоката која сакате да преминете и автомобилот сам ќе најде слободен простор и ќе сврти во дадената насока. Иако сеуште не е потврдено, се шпекулира дека надградената верзија на  моделот „S“, исто така, ќе може сама да се паркира.



Испорака на освежениот модел „S“ ќе започне во февруари, а цените се: основниот модел „60D“  ќе чини помеѓу 71 070 и 75 070 долари , „85D“ помеѓу 81 070 и 85 070 долари, а повеќе моќниот „P85D“ клиенти ќе мора да  платат од 105 570 до 120 170 долари.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...