Кога E-Class не е доволна тогаш на сцена стапува Binz

Кога Мерцедесите од класите Е и Ѕ се недоволно големи, решението го нуди каросериската работилница Binz, каде се продолжуваат лимузините и им се додава по уште две врати.

Германската специјализирана компанија Binz, која долги години се занимава со производство на возила за посебни намени и преработка на каросери на патничките автомобили, го претстави редизајнираниот Mercedes-Benz E-Class.

По првата слична конверзија на E-Class серија W212 која  беше направена пред четири години, во Binz понудија и продолжена верзија на редизајнираниот модел.

Вкупната должина на автомобилот сега изнесува 5.979 милиметри, што е повеќе од 1.110 милиметри од должина на стандардната Е-класа. Исто така вредно е да  се спонене и зголемувањето на меѓуоскиното растојание, кој во овој случај, наместо 2.873 сега изнесува раскошни 3.985 милиметри. 

Луксузно опремениот простор е резервиран за шест или осум патници, во зависност од избраната конфигурација. Мерцедесот со продолжена каросерија има по три врати на секоја страна и иако е значително поголем од стандардната верзија, Binz-овата Е-класа е потешка за само 250 килограми, благодарение на употребата на композитни материјали.

Binz продолжената E-Class ја нуди од верзите E220, E250 CDI, E350 4MATIC и Е500 со моќнос на моторите од 211-408KS, во зависност од моделот. 

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...