Невидено: Audi RS7 вози без возач зад воланот?!

Audi неодамна на патеката Hockeheim ги демонстрираше најновите достигнувања од областа на автомобилската индустрија, откако моделот RS7 направи цел круг на патеката, во скоро тркачко темпо без возач во кабината.

На последната трка годинава во сезоната на DTM шампионатот, која се возеше на популарната германска патека Hockeheim, Audi не само што оствари тројна победа и со тоа ја освои титулата во конкуренцијата на конструктори, туку покажа и еден необичен проект под името „Piloted Driving“. Во прашање е Audi RS7 кој извозе цел круг на патеката во тркачки ритам, со време од нешто преку две минути, но без возач.

Тоа воедно беше и најдобрата демонстрација на технологијата за автономно возење, која користи GPS сигнал, WiFi комуникација со возилото и специјални 3D камери кои ја снимаат патеката, на основ кој компјутерскиот програм ги споредува информациите и ги одредува параметрите за возењето. Според зборовите на инженерот на Audi, со ова е можно да се позиционира автомобилот буквално на саканиот сантиметар на патеката.

Инаку, Audi со овој вид на технологија започна да се занимава пред цела деценија, а податоците добиени за време на истражувањата и развојот, успешно се имплементирани во некои од актуелните системи кои ги користат неговите модели, Audi Side Assist, Active Lane Assist, Adaptive Cruise Control i Pre Sense Front.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...