ВИДЕО: BMW прави пируети околу MINI Cooper на две тркала

На рекордите кои влегуваат во Гинисова книга на рекорди нема крај, а еден од најновите е оној во бројот на „пируети“ околу автомобил во движење, во период од една минута.

Дека BMW е еден од омилените избори на автомобилска марка кога станува збор за егзибициите на четири тркала, особено кога се во прашање „дрифт лудориите“, тоа нам ни е веќе јасно, но овој пат направен е чекор понатаму и поставен е нов светски рекорд и тоа крајно необичен! Имено, станува збор за 10 комплетни „пируети“ т.е. вртења околу автомобил во движење (MINI Cooper во овој случај) кој бил на две тркала, во траење од една минута.

Сопственикот на новиот рекорд кој влезе во „Гинисовата книга“ е Кинезот Жанг Шенгјун, а неговиот „партнер“ во MINI cooper-от бил исто така од Кина. Инаку овој спектакуларен рекорд е срушен во Олимпискиот спортски центар во кинескиот град Чонгкинг.

Погледнете го видеото и запомнете, не пробувајте го ова со вашиот автомобил по нашите градски улици и паркинзи!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...